
Гоце Узунски
Тапан, тарабука

Роден 1974 година во Делчево, Р.Македонија. Основно училиште завршува во с. Тработивиште, Р.Македонија. Љубовта кон музиката, од најисточниот град во Македонија го носи во Скопје каде во 1988 год се запишува во Музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“, ударни инструменти, во класата на проф. Емил Клан. Во 1992 година, продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Емил Клан, а во 1996 година дипломира во класата на проф. Зоран Спасовски со оценка 10 и специјална пофалница cum laude.
Уште на две и пол годишна возраст, како член на фолклорните групи „Пијанец“ и „Копачка“ со кои раководи неговиот татко Димитар Узунски, на тапан почнува да свири сложени ритми. Во трета година средно училиште, се препознава неговиот талент, од 1990 до 1999 е хонорарен соработник во Македонската филхармонија, од 1999 година и во редовен работен однос како перкусионист а од 2020 година е тимпанист.
Учетвувал во повеќе камерни состави, Младинксиот оркестарна Музичката младина на Македонија и со различни ансамбли на манифестацијата “Денови на македонска музика, како перкусионист.
Во своето долгогодишно професионално работно искуство има голем број на соработки со познати светки диригени и изведувачи.
Во Synthesis е од почетокот, од 1994 година, свири на тапан и тарабука. Заедно со другите членови на групата компонира, аранжира…, неговата задача е преку звукот на тапанот да ја долови тежината на Македонската изворна музика со сите нејзини неправилни ритмови и синкопи, кои се карактеристични за неа.