


СИНТЕЗИС ги комбинира корените на македонското народно музичко наследство со современи аранжмани, користејќи целосен опсег на оригинални македонски инструменти, како кавал, гаида, зурла, тапан, тарабука и тамбура.
Бендот е основан во 1994 година, со цел да спроведе длабоко истражување во непроценливото богатства на изворната музика во Македонија , своето прво јавно претставување го имаше во 1995 година.
Името „Синтезис“ е избрано за да се изрази концептот на групата, што представува комбинација на традиционалните звуци со современите аранжмани за да се создаде музичка синтеза.
Копајќи длабоко во корените на македонското народно наследство, со сериозна грижа за основите на традиционалните композиции, групата доби големи пофалби за вдахнувањето нов живот на музичкото поле.
Со текот на годините, тие соработуваа со врвни музичари и бендови (Билја Крстич и Бистрик Оркестар – Србија, Хусну Сенлендиричи – Турција, Мауро Пагани – Италија, Дј Боза – Австралија, Плави Оркестар – Босна и Херцеговина, Тоше Проески, Влатко Стефановски, Наум Петрески, Хроматик Поинт – Македонија.), како и соработка со филхармонија и симфониски оркестри (Македонска филхармонија, Бургос – Филхармонија на Саламанка, Национална опера на Виетнам, Национален филхармониски оркестар од Алмати и Астана – Казахстан, Филхармониски оркестри на Ниш. )
Како признание за големиот придонес што Синтезис го даде за афирмација на македонската музика и култура преку бројните концерти низ целиот свет (Јапонија, Израел, САД, Италија, Франција и многу други), во 2006 година, Македонска стопанска комора бендот го прогласи за почесен амбасадор на Македонската култура. Во 2008 год во Сплит ја добиваат наградата за Допринос во развојот на културолошкиот туризам, истата година од страна на Toronto Exclusive Magazine добиваат награда за најдобра инструменталнa група, и уште многу други сведски награди кои се дел од нивното битие.
Синтезис продолжува со третманот на стари, заборавени, а понекогаш и скоро никогаш не чуени песни, кои се дел од богатото Македонско музичко наследство, кое, како и Македонската култура, има долга и трајна традиција.









