30 Години Синтезис
Image link
Image link

На 25 Септември, 2024 год. Во големата сала на Македонската Филхармонија, Synthesis го одржа јубилејниот концерт по повод 30 години, творење, музицирање и презентирање на македонскиот изворен мелос со модерни аранжмани.

Не само што публиката ја потсетивме на нашите почетоци, со нумери од првиот албум па се до денес, меѓу кои и нумери со нашите познати музичари Влатко Стефановски, Наум Петрески (кој меѓу останатото ни помогна да се потсетиме и на соработката со Тоше Проевски), Маестро Борис Трајанов ,туку и ние се вратиме наназад , како почнавме, растевме и дојдовме до денешниот ден.

Преполна сала исполнета со традиција и емоции.

Од сè срце ѝ благодариме на публиката која беше присутна на овој концерт.

Со позитивните вибрации, громогласните аплаузи и емоциите кои беа присутни меѓу публиката и сцената, ни дадовте до знаење дека сеуште има луѓе кои ја ценат и почитуваат македонската изворна музика и дека треба да продолжиме по патот на кој тргнавме пред 30 години.

Им благодариме и на нашите долгогодишни спонзори кои помогнаа да го реализираме овој концерт.

Image link
Image link
Реакции од публиката
Медиумски објави

Еднаш амбасадори, секогаш амбасадори. Тоа е кусиот опис за „Синтезис“, кои вчера во Филхармонија прославија 30 години од своето постоење.

И како што доликува на ваков концерт, публиката ја прошетаа низ нивната работа, која и тоа како заслужува аплауз, каков што не штедеше публиката да им подари.

MMS.mk

Според реакцијата на публиката на песните, особено на најпрепознатливите („Во наше село“, „Ме фатије“…), покажа дека мелодиите и текстовите се толку вистински, што тој сензибилитет останува врежан не само три децении, туку за целиот живот.

Женски Магазин

Токму нивниот јубилеен концерт на кој како гости настапија и познати македонски музичари и пејачи, истовремено и нивни пријатели и соработници, како Влатко Стефановски, Наум Петрески и Борис Трајанов, уште еднаш покажаа дека се врвна музичка група чија успешна приказна со право трае и ќе трае.

Вечер

Наум Петрески заедно со „Синтезис“ ја отпеа „Ој девојче“, песната која групата оригинално ја има снимено со Тоше Проески. Фолк-пејачот беше еден од гостите на вчерашниот јубилеен концерт на етно составот во Филхармонијата, на кој прослави 30 години постоење.

Смарт СДК.мк