
Анета (Шуланковска) Велкоска
Вокал

Родена 1976 во Скопје, Р.Македонија. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев“, активно учествува во неколку училишни секции (математика, физика…), што, всушност, ја покажува нејзината приврзаност кон овие предмети, но секако учеството во секцијата по македонското изворно пеење ќе биде пресудна за понатамошните нејзини ангажмани.
Завршува средно економско училиште во „Арсени Јовков“ (тогаш „Моша Пијаде“), и дипломира на Универзитет “Св.Кирил и Методи” – Скопје на Економскиот факултет, отсек финансиско сметководствен менаџмент, со што се стекнува со звање дипломиран економист.
Нејзиното постојано доусовршување, знаење, искуство и посветеност на работата, денес ја доведе до раководна функција во реномирана македонска компанија.
Имено во 1988 год. се формира вокалната група „Детелинки“,која го негува изворното македонско пеење. Како нејзин член, се запознава со карактеристиките на македонското изворно пеење и презентирање на истото на многубројни светски натпревари и фестивали .
Во Synthesis е од самото основање, од 1994 година, како вокал. Со своите гласовни можности, боја на глас која е карактеристична и специфична, дава специфичен препознатлив белег на традиционалното изворно пеење.
Како член на групата Synthesis има голем број на соработки со светски познати и признати музичари , музички групи, Симфониски и Филхармониски оркестри…