
Билјана (Ристовска) Стојановска
Вокал

Родена 1975 година во Скопје, Р.Македонија. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев. Средно образование во математичката гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“, и дипломира на Природно-математичкиот факултет во Скопје, отсек наставна математика.
По дипломирањето, работи како професор по математика (како замена) во ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ацо Шопов“ и „Св. Наум Охридски“, но од 2006 година е во ЗАМП – Здружение за заштитата на авторските музички права.
Во 1988 год. се формира вокалната група „Детелинки“,која го негува изворното македонско пеење. Како нејзин член, се запознава со карактеристиките на македонското изворно пеење и презентирање на истото на многубројни светски натпревари и фестивали .
Во Synthesis е од самото основање, од 1994 година, како вокал. Со своите гласовни можности , боја на глас која е карактеристична и специфичана , дава специфичен препознатлив белег на традиционалното изворно пеење.
Како член на групата Synthesis има голем број на соработки со светски познати и признати музичари , музички групи, Симфониски и Филхармониски оркестри…