Гоце Димовски

Кавал, зурла, гајда

Image link

Роден 1975 година во Скопје, Р.Македонија. Основно образование стекнува во родното место, во училиштето „Марко Цепенков“, а средно во музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Гоце Димовски своето музичко образование непрекинато го стекнува и во своето опкружување неговиот татко, Ангеле Димовски, кој е виртуоз на изворните инструменти. Секако член на фамилијарниот оркестар „Шарен кавал“, познат и надвор од границите на нашата земја. Седумте години членува во Оркестарот на изворни народни инструменти на МРТВ а од 1999 год и како член во Synthesis .

Гоце Димовски целосно е вклучен во творењето, музицирањето и концертирањето со Synthesis, но и покрај тоа активно учествува и со музицирање и концертирање со останати Македонски изворни оркестри и групи, кои се трудат да го зачуваат народниот изворен звук.

Гајдата, кавалот и зурлата, се забележливи и на многу други проекти, од кои посебно треба да се одбележи издавањето на неговиот сопствен албум, насловен „Потковица“, на кои се слушаат сите изворни дувачки инструменти (плус кларинет и саксафон).

Своето знаење, често го пренесуваат и на вљубениците во македонската изворна музика во етно камповите организирани во САД и во голем број европски земји, ни би се извоило нивното гостување и предавање за традиционалните македонски инструменти на престижниот Универзитет Беркли во САД.