
Мирјана (Јошеска) Мајнова
Вокал

Родена 1975 година во Скопје, Р.Македонија. Oсновното образование го завршува во „Григор Прличев“, средното економско училиште во „Арсени Јовков“ (тогаш „Моша Пијаде“), и дипомира на Универзитет “Св.Кирил и Методи” – Скопје на Економскиот факултет, отсек финансиско сметководствен менаџмент, со што се стекнува со звање, дипломиран економист.
Како резултат на долгодишното работно искуство, упорност, дообразование и обуки, денес е на раководна функција во реномирана светска компанија.
Во текот на своето основно образование членува во различни секции па како резултат на тоа од 1988 год. е член и на новоформираната вокалната група „Детелинки“,која го негува изворното македонско пеење. Како нејзин член, се запознава со карактеристиките на македонското изворно пеење и презентирање на истото на многубројни светски натпревари и фестивали .
Во Synthesis е од самото формирање, од 1994 година, како вокал. Со своите гласовни можности и боја на глас која е карактеристична и специфичана, дава специфичен препознатлив белег на традиционалното изворно пеење.
Како член на групата Synthesis има голем број на соработки со светски познати и признати музичари , музички групи, Симфониски и Филхармониски оркестри…
(Поради работните обврски во последните години, намалено е активното учество во Synthesis)